Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во декември во Охрид издадени 11 одобренија за градба

Охрид, 15. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во декември 2021 година во Охрид биле издадени 11 одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.

Во 10 случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден деловен субјект. Предвидена е градба на 8 станови со вкупна корисна површина од 891 м².

Во анализираниот период во општина Струга нема издадено одобрение за градење, додека во општина Дебрца се издадени 3, едно на физичко лице и два на деловен субјект.

На ниво на Македонија во декември 2021 година се издадени 378 одобренија за градење. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 се наменети за објекти од високоградба, 42 за објекти од нискоградба и 108 за објекти за реконструкција. Од вкупно 378 објекти, на 226 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 757 станови, со вкупна корисна површина од 64.401 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука