Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

215 санкции за возење под дејство на алкохол, од нив 27 на територија на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 20. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашната вечер, 19-ти/20-ти февруари 2022 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што се санкционирани се 215 возачи.

– Од нив 65 на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука