Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен 24-годишен охриѓанец кој упатил навредливи зборови и физички се спротивставил кон полицијата

Охрид, 20. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти февруари 2022 година, во 17:00 часот во СВР Охрид приведен е 24-годишниот Д.А. од Охрид.

Тој, претходно на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, упатил навредливи зборови и физички се спротивставил кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука