Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Спречен обид за насилство на фудбалски натпревар на спортскиот центар „Билјанини извори“

Охрид, 20. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти февруари 2022 година, за време на одржување на фудбалски натпревар на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, поголема група навивачи го нарушила јавниот ред и мир со оштетување и уништување на инвентарот на стадионот како и со предизвикување насилство, палење и фрлање на пиротехнички средства.

– По интервенција на полициските службеници, спречен е обидот за насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, пронајдени и одземени се петарди, бакли и други пиротехнички средства. По расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ГФК Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука