Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од утре почнува исплатата на февруарските пензии

Скопје/Охрид, 23. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од утре почнува исплатата на февруарските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Готовинската исплата на пензии во деловните банки ќе се врши во четири групи според висината на пензијата.

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).

Пензионерите, пак, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од утре. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука