ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

„Лев Тахор“ во интервју за Wik Kakarotski: Дојдовме како туристи, но сега бегаме од теророт – не планираме да останеме тука (Видео)

Охрид, 23. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот Wik Kakarotski успеа да направи интервју со членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“ кои деновиве престојуваат во хотел во близина на Охрид.

Објаснувајќи повеќе за тоа кои се, во што веруваат и како функционираат, од „Лев Тахор“ потенцираат дека не сакаат да останат тука и велат дека дошле како туристи, но сега само бегаат од теророт низ кој поминувале.

Популарниот Wik Kakarotski, кој успеа да го направи интервјуто истакнува дека остварил средба и со представници од селото Лакочереј, кои го организираа протестот за протерување на „Лев Тахор“.

– Мислам дека со ова видео ќе ја олабавиме малку работата, бидејќи сепак гледаме деца и лица кои реално „да ги дувниш ќе летнат“. Но, не сум јас тука да му судам на некој за домаму шо да прајт и се трудам максимум да ги разберам на сите. Сакам, исто да испратам и голем поздрав до газдата на хотелот „Прага“ кој е хуманист и буквално за егзистенција ги угостил евреите и до полицијата која се грижит цело време за нивната безбедност. Македонците се кроток народ, но сепак се’ си имат свои граници и како што им кажав и во Лакочереј нека мислет малку на нивниот соселанец од хотелот кој е ставен во најжешкиот оган, порача во негов стил Wik на неговиот прифил на Facebook.

Жителите од охридското село Лакочереј, каде моментално престојува оваа еврејска религиозна група, на газдата од хотелот каде се сместени му дале рок до денеска да ги избрка, во спротивно се заканија дека ќе излезат на масовни протести, а децата нема да ги пуштат на училиште.

– Се собравме стотина луѓе спонтано. Го побаравме газдата на хотелот каде е сместена групата ‘Лев Тахор‘. Газдата од за него познати причини ни рече дека не може да присуствува на собирот кој беше сред село. Сите отидовме пред хотелот и му кажавме до среда напладне да си ги дислоцираат луѓето. Тој кажа дека работел на тој проблем и со туроператорот барале решение. Имаше и полиција на собирот, вели Илче Настоски, жител на селото. (Крај)

извор: Wik Kakarotski фото/видео: Wik Kakarotski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука