Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжуваат градежните активности во Стариот дел на градот

Охрид, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат градежни активности во Стариот дел на градот, информира Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, кој денес беше во обиколка на локациите каде се врши санацијата.

– Активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде има потреба. На улицата „Бранко Шотра“ активностите за изведување на нова водоводна линија завршија. Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија, информира Пецаков.

Првиот човек на Охрид додава дека се целосно завршени активностите за фугирање на потпорните ѕидови и дека овој зафат придонесува кон превенција од оштетување и рушење на ѕидовите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука