Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина

Охрид, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Дарувај крв, спаси живот, биди нечиј херој“, денеска ќе се одржи крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид .

Акцијата ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот.

– Почитувани средношколци, Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело, да даруваме крв за оние на кои им е најпотребна, велат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука