Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Со едукативни работилници и предавања ќе се одбележи Неделата на борба против ракот

Охрид, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви до 8-ми март се одбележува Неделата на борба против ракот.
Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни, информираат од Црвен крст Охрид.
Во насока на подигнување на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни работилници и предавања за широката популација. Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст кој вели „upBeH KpcT Ha peny6лиKa ceBepHa maKeAoHиja Kryqi Kuq Republikes sẽ Maqedonise sẽ Veriut 01-08 MAPT/MARS 2022 HeAeлa Ha 6op6a npoTиB PAKOT JAVA E LUFTES KUNDER KANCERIT He cи CAM NUK JE VETEM 3aeAHo Bo 6op6a npoTиB paKoT! SEBASHKU NỀ LUFTEN KUNDER KANCERIT!“Предвидено е да бидат опфатени различни целни групи, млада популација, ученици од средно училиште, како и повозрасна популација согласно полот и ризикот од појава на одреден вид на малигно заболување. Исто така ќе се споделуваат и објави на социјалните мрежи со пораки за превенција од појава на малигни заболувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука