ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се вршат археолошки истражувања на плоштадот кај Чинарот потребни за дозволата за негова реконструкција

Охрид, 3. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве на просторот околу фонтаната на плоштадот кај Чинарот забележливи се два оградени делови.

На овие места се вршат археолошки истражувања, како дел од постапката за добивање на одобрение за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот истакна дека проектот за отпочнување на овој зафат е во финална фаза.

Плоштадот кај Чинарот години наназад чека на реконструкција. Несовесни лица во фонтаната фрлаат сé и сешто, некои си зедоа за право и да ги искршат мермерните плочки, а и годините и временските прилики оставиле печат врз неа. Во неколку наврати само беше санирана и чистена, но сепак создава непријатна слика за охриѓани, но и за посетителите.

Граѓаните се надеваат дека конечно ќе добијат место со корисен и уреден простор, кој ќе биде вистинска атракција како за нас така и за туристите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука