Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Деветта седница на Градскиот Совет: Едногласно прифатени сите точки за бесправно изградените објекти

Охрид, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Охрид, денес ја одржа својата деветта седница. На дневен ред имаше 84 точки, кои во најголем дел се однесуваа на годишни извештаи за работа на општинските служби и јавни претпријатија и финансиските извештаји на образовните институции.

– На дневниот ред беа и точките за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид. Седницата помина во знакот на усвојување или неусвојување на точките, а сето тоа во зависност од партиската припадност на советниците. Сите точки кои се однесуваа на тековните активности беа прифатени, а повеќето годишни извештаи советот не ги прифати. Советниците едногласно ги прифатија сите точки за бесправно изградените објекти, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука