Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и температура до 12. степени

Охрид, 16. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.

– Од утре ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука