Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Инцидент во близина на Фитнес клуб во Охрид, физички нападнато едно лице

Охрид, 19. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти март 2022 година, во 23:10 часот, 32-годишниот Б.Ѓ. од селото Злести, Општина Дебрца пријавил дека околу 21:40 часот во Охрид, во близина на Фитнес клуб бил физички нападнат од страна на лицата С.К. и С.К., двајцата од Охрид.

– Едниот од напаѓачите фрлил метален предмет кон пријавителот и скршил стакло од влезната врата од објектот. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука