ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Највисока температура на воздухот 37,5 степени, во еден ден може да наврнат над 90мм дожд – Факти за метеоролошките мерења во Охрид

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Главната метеоролошка станица во Охрид денес беше домаќин на централниот настан за одбележување на Светскиот ден на метеорологијата.

Беше потенцирана важноста од навремените предупредувања што водат кон рана акција од страна на иституциитешто работат на намалувањето на ризикот од катастрофи.

Нема достапен опис

На свеченоста беше откиена скулптурата „Весна“ која во себе носи симболика и ќе го краси сворот на метео станицата.

Нема достапен опис

Во 1891 година е регистрирано првото мерење на температурата во Македонија.

Метео станицата во Охрид има долг историјат на мерење што датира од 1923 година како дождомерна станица и од 1945 година на денешната локација, до ОУ „Св.Климент Охридски“, како главна станица. Во историската архива се документирани сите метеоролошки податоци. Па така рекордно највисока температура на воздухот во Охрид од 37,5 степени е измерена во јуни 2007, во јануари 1954 најниската температура била -17,2 во Охрид за еден ден може да наврнат над 90мм дожд, а имало и години кога 78 последователни денови немало капка дожд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука