Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Светски ден за борба против туберкулоза, во Македонија континуирано паѓа бројот на заболени, но има и новодијагностицирани

Скопје, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во 2021 година во Република Македонија вкупниот број на активни случаи со туберкулоза изнесува 309, од кои 262 се на респираторниот систем, пришто преваленцата изнесува 15 на 100.000 жители, додека новоткриени случаи се 130.

Денес се одбележува Светскиот ден за борба против туберкулозата. Ова е датумот кога д-р Роберт Кох во 1882 година, објавил дека ја открил бактеријата што предизвикува туберкулоза, што го отвори патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.

Темата на Светскиот ден на туберкулозата 2022 година е „Инвестирајте за да се стави крај на туберкулозата. Спасете животи“ и ја пренесува итната потреба да се инвестираат ресурси за да се засили борбата против тубекулозата.

World Tuberculosis Day 2022 - PAHO/WHO | Pan American Health Organization

Во Република Македонија се забележува пад во бројот на вкупните активни случаи, но сепак годишно се појавуваат новодијагностицирани. Сепак поради континуираното опаѓање на бројот на случаи значи дека здравствените кампањи против туберкулозата биле ефикасни. Но, и покрај не толку многу високиот број на случаи на оваа болест во нашата држава, таа сепак не треба да биде заборавена, при што континуираната едукација и вакцинација за оваа болест треба да продолжат непрекинато.

На светско ниво секој ден од оваа болест умираат над 4.100 луѓе, а скоро 30 000 луѓе заболуваат и покрај тоа што може да се спречи и лекува. Туберкулозата е водечка причина за смрт на луѓето со ХИВ и главен придонесувач за антимикробната резистенција. Светскиот ден на туберкулозата е можност да се фокусираме на луѓето погодени од оваа болест и да повикаме на забрзана акција за да се стави крај на страдањето и смртните случаи, особено во текот на тековната криза со COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука