ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Продолжува потрагата по исчезнатиот охриѓанец Владо Ќосески

Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Веќе четири дена трае потрагата по 63-годишниот Владо Ќосески, кој последен пат беше виден во понеделникот, на 21-ви март 2022 година, околу 13:00 часот.

– Излезен е на пешачење, облечен во темно сино јакна, темни сиви фармерки, плави патики и носел плетено капче. Виден е на Градскиот кеј, во близина на хотелот „Тино“, информираат од неговото семејство.

Тие ги замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука