COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

322 нови случаи на Covid-19, 6 новозаболени и 22 оздравени лица од Охрид

Скопје, 25. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.246 тестирања, при што се регистрирани 322 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 178
• Битола 31
• Кавадарци 19
• Велес 17
• Куманово 12
• Прилеп 11
• Струмица и Кочани по 9
• Делчево 8
• Охрид и Кичево по 6
• Гевгелија и Ресен по 3
• Неготино, Радовиш, Берово и Богданци по 2
• Валандово и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (322), регистрирани се 42 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (6), кај 5 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86 години), во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје (1), Гостивар (1), Куманово (1), Тетово (1) и Битола (1), на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02. до 22.03.2022 година.

Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од:

• Скопје 191
• Охрид 22
• Битола 21
• Прилеп 19
• Куманово 12
• Кавадарци 11
• Струмица и Штип по 4
• Гевгелија, Гостивар и Струга по 3
• Велес, Кичево, Радовиш и Богданци по 2
• Неготино, Валандово, Крива Паланка, Дебар, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.948.834 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197, а бројот на активни случаи изнесува 1.972. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука