Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓани утре заеднички ќе го следат натпреварот Португалија-Македонија на Градскиот плоштад

Охрид, 28. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 29-ти март 2022 година, на Градскиот плоштад, охриѓани ќе имаат можност заеднички да го проследат фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Португалија и Македонија, објави градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

– Натпреварот започнува во 20:45 часот. Ве поканувам сите заедно од Градскиот плоштад да испратиме поддршка до нашата репрезентација, порача Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука