Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

ЈП „Охридски Комуналец“ во среда организира акција за подигнување кабаст отпад во Пештани

Охрид, 28. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Охридски Комуналец“ во среда, на 30-ти март 2022 година, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селото Пештани.

– Жителите од ова село ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најдоцна до 08:00 часот на 30-ти март 2022 година, или претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075/495-428, секој ден во неделата во периодот од 07:00 до 21:00 часот, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука