Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид поднесе три кривични пријави поради „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“

Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“.

Кривична пријава заработи правно лице од Охрид и 59-годишниот Б.Р. од охридското село Куратица, вработен во правното лице како возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 02.03.2022 кај селото Подмоље, на стариот пат Охрид-Струга, при контрола бил затекнат пријавениот како управува автобус, сопственост на правното лице, односно како врши превоз на патници без лиценца за превоз на патници.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и 35-годишниот Б.Ј. од селото Куратица, вработен во правното лице како возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 04.03.2022 на улицата „15-ти Корпус“, при контрола, бил затекнат пријавениот како управува автобус, сопственост на правното лице, односно како врши превоз на патници без лиценца за превоз на патници.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и 61-годишниот И.Б. од струшкото село Мислодежда, вработен во правното лице како возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 08.03.2022 на улицата „Гоце Делчев“, при контрола, пријавениот бил затекнат како управува автобус, сопственост на правното лице, односно како врши превоз на патници без лиценца за превоз на патници со конкретното возило. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука