COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

310 нови случаи на Covid-19, 14 новозаболени и 16 оздравени лица од Охрид

Скопје, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.776 тестирања, при што се регистрирани 310 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 180
• Битола 29
• Прилеп 21
• Охрид 14
• Куманово 10
• Кавадарци, Велес и Делчево по 9
• Гостивар 4
• Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево по 3
• Струмица, Кочани и Пробиштип по 2
• Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76 и 77 години) и по едно починато лице од Скопје (77 години) и Кавадарци (54 години). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (69 години) и Кавадарци (62 години). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 година.

Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од:

• Скопје 198
• Битола 26
• Кавадарци 19
• Охрид 16
• Прилеп 12
• Куманово 11
• Штип 9
• Велес, Делчево и Кичево по 8
• Неготино 6
• Гевгелија, Кочани и Демир Хисар по 4
• Тетово, Струмица и Ресен по 3
• Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка по 2
• Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука