Избор Локална самоуправа

Јавен повик за финансиска поддршка на верифицирана организација/институција за обука на лица кои ќе добијат сертификат за личен асистент на лица со попреченост

Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 306 став 2 од Законот за социјална заштита (Сл. Весник бр. 104 од 23.05.2019 година), Одлука на Советот на општина Охрид број 08-2982/10 од 15.03.2022 година, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува Јавен повик за финансиска поддршка на верифицирана организација/институција за обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост.

Општина Охрид за буџетската 2022 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи верифицирна организација/институција која работи на територијата на општина Охрид и која ќе спроведе и води процес за обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за завршена обука за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни.

Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен вид на возраст од 18 до 65 години во нивното осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука