Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Со фотографски поставки Историскиот архив ќе го одбележи 1-ви април – денот на македонските архиви и архивисти

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – По повод 1-ви април, денот на македонските архиви и архивисти, в петок ќе има изложба поврзана со архивот и денот на шегата, како во минатото децат го празнувале овој празник.

Од 11:00 часот во тераса „Аквариус“ ќе има фотографски поставки кои ќе го презентираат славењето на 21-ви март, денот на пролетта и 1-ви април – денот на шегата од страна на дечињата од училиштата и градинките во градот Охрид за временскиот период од 1955 – 1965 година.

May be an image of 7 people and people standing

– На овој начин сакаме да направиме компарација со некогашното дефиле и денешното кога дечињата од градот Охрид се маскирале дочекувајќи ја пролетта или денот на шегата, вели директорот на охридскиот архив, Никола Митровиќ.
За посетителите ќе има и примероци од неговата книга „АРХИВ(ИСТИКА) и примероци од изданието на „Македонски архивист“.

Во пресрет на одбележувањето на денот, архивот во текот на оваа недела ги отвори вратите за посетителите, кои ќе може да ги видат најновите изданија на Државниот архив што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука