Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид објави Јавен повик за субвенции за купување велосипеди

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Охрид за купување велосипеди за 2022 година.

Право на учество на Јавниот повик има секое физичко лице кое ќе ги исполнува следните услови:

– Да е жител на општина Охрид,
– Да е невработено лице или студент,
– Досега да нема искористено субвенција за купување на велосипед од друг извор на финансирање или од општина Охрид,
– Новиот велосипед да е купен во нашата држава со датум од 01.01.2022 година, се’ до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик.

Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен“ во периодот од објавување на повикот па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик.

Повеќе информации може да најдете ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука