Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Горан Папаз во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски саксофонист, охриѓанецот Горан Папаз е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Несудениот кларинетист Горан Папаз е роден во Охрид во 1987 година. Живее во преубавото Пештани, а неговиот талент прв го забележал легендарниот Зоран Џорлев кој случајно летувал во нивната куќа, кога Горан имал само пет години. Подоцна со саксофонот како најдобар придружник, сигурно чекори по патот послан со многу ноти, музика и патувања. Со култните Суперхикс настапувал на најпознатите сцени во Германија, Англија, Италија, Австрија, Хрватска и многу други земји.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се: Big Mountain со Baby I love your way, Elvis Costello со She и Bruno Mars со Versace on the floor.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Папаз падна на Нина Спирова и „О, езеро мое“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука