Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Познат распоредот на натпреварите во кадетскиот машки ракометен Ф4 турнир

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Првиот шампионски пехар во домашното првенство во машка ракометна кадетска конкуренција овој викенд во Охрид.

Натпреварите ќе се играат в недела, 3-ти април во салата „Билјанини извори“, а влезот за сите натпревари ќе биде слободен.

Кадетите на ГРК Охрид ќе играа против Бутел од 11:00 часот, а во вториот меч од 13:00 часот ќе играат екипите на Алкалоид и Пролет. Финалниот натпревар ќе се одигра од 20:00 часот.

Нема опис за фотографијата.

Распоред на натпреварите:
Полуфинале 1
РК Бутел Скопје – ГРК Охрид од 11:00 часот
Полуфинале 2
РК Алкалоид – РК Пролет од 13:00 часот
3-то место
Поразен 1 – Поразен 2 од 17:30 часот
ФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 од 20:00 часот (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука