Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Еден прекрасен сончев ден преку камерата на Никола Паскали (Видео)

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Еден прекрасен сончев ден во стариот дел на градот. Низ тесните сокаци, пространото сино слатководно море и живите фосили, порачува со новото видео охридскиот нуркач Никола Паскали.

– Официјално, водата почнува да се затоплува, во плитките делови измерени 9°С. Треба само мали промени во навиките за оваа убавина да ни биде благодарна. Да престанеме да користиме и произведуваме пластика за еднократна употреба. Поддржано од Општина Охрид, вели Паскали.

Тој и неговите колеги од Нуркачкиот центар „Акватек“ веќе подолго време наназад спроведуваат акции за чистење на дното на Охридското Езеро од ѓубрето кое неодговорни поединци секојдневно го фрлаат во неговите води. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Никола Паскали

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука