Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Андреа ќе пее 11-та во второто полуфинале на Евросонг

Женева, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска ќе настапи 11-та во втората полуфинална вечер, на најолемото музичко шоу во Европа, што годинава се одржува во Торино, Италија.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го објави редоследот на настапите во двете полуфинални вечери, што ќе се одржат на 10 и 12 мај, 35 земји ќе се натпреваруваат за влез во финалето, а место ќе обезбедат по 10 од секоја полуфинална вечер.

Во второто полуфинале со Андреа ќе настапат и претставниците на уште 17 земји: Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Андреа неодамна го промовираше спотот за евровизиската Circles снимен на неколку локации во Скопје. Досега гостуваше во Црна Гора и Романија, а наскоро ќе ја промовира песната и на евровизиските концерти во Лондон, Тел Авив и Мадрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука