COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

294 нови случаи на Covid-19, 10 новозаболени и 2 оздравени лица од Охрид

Скопје, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.430 тестирања, при што се регистрирани 294 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 149
• Битола 36
• Прилеп 20
• Кавадарци 17
• Велес 11
• Охрид 10
• Куманово 8
• Струга 7
• Кичево 6
• Неготино, Ресен и Делчево по 4
• Штип и Кочани по 3
• Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово по 2
• Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар по 1

Од вкупниот број на позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција. Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70 години) и Ресен (78 години). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од:

• Скопје 149
• Битола 25
• Кавадарци 14
• Куманово 8
• Прилеп 6
• Гевгелија 5
• Струмица и Кичево по 4
• Гостивар, Кочани и Делчево по 3
• Тетово, Велес и Охрид по 2
• Ресен, Валандово, Виница, Крушево и Македонкса Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука