Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Успешно реализиран еТвининг проектот 100. ден во училиште во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид

Охрид, 30. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид се одржа дисеминација на eTwinning проектот 100. dan u školi 2022 (100. ден во училиште), во кој се вклучени 225 наставници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Турција.

– Во проектот учествуваа учениците од VI/1 и VII/2 одделение под менторство на нивните одделенски ракводители Силвана Крстеска и Татјана Лошкоска. Оваа учебна година 100-ти ден од почнувањето на учениците на училиште беше 22-ри февруари. Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ 100. ден во училиште го одбележаа со низа интересни и стимулативни активности, преку игра и истражувачки активности поврзани со бројот 100. Активностите имаат за цел развивање на различни вештини и поттикнување на љубовта кон училиштето. Во рамките на проектот учениците од VI/1 одд. ги реализираа следните активности: креирање аватари со ознака 100 во Bitmoji; решавање 100 задачи во Bookwidgets; запознавање со историјата на банкнотата со вредност 100 од осамостојувањето на Република Македонија до денес и решавање задачи: Што можеш да купиш за 100 денари?; изработка на банкноти со свој лик во PhotoFunia; работа со податоци; 100 математички поими во WordArt; изработка на пајаци со кои учениците одредуваа парови делители на бројот 100 (тимска работа); игра икс-точка, информираат од училиштето.

May be a cartoon of 4 people and text that says 'аватари бројот 100 (osuStuff Avatar Maker) PROSLAVIMO 100. DANUŠKOLI ELJA 2022 ooy "кочо рацин" охрид заштита на лични податоци 100 бец: 100. ден во училиште (Online Badge Maker) дена на Happy училиште ден во PHMRNL 100 dan školi 100 дена 100 творби co цифрите од бројот 100 (Auto Draw) 10D цветна мултикултурна цветна градина (работаво групи) македонски јазик хрватски јазик српскиазик јазик англиски јазик германскиј јазик 100 рапина https://bit.ly/3NtmrL6 https://bit. наставник татјана лошкоска'

May be an image of 3 people, people sitting and indoor

May be a cartoon of 4 people and textДодаваат дека проектните активности кои ги реализираа учениците од VII/2 одделение се: претставување со аватар и дизајнирање на беџ; изработка на творби со употреба на цифрите од бројот 100; практични и креативни активности – мултикултурна цветна градина, садење 100 семиња; критичко размислување и решавање проблеми – ботаничка градина за 100 дена; изработка на речник по биологија; сложување на сложувалка.

May be an image of 7 people and text that says 'PROSLAVIMO 100. DANUŠKOLI садене 100 семина (работа во групи) поставуване експеримент рециклиране JAČA ooy „кочо рацин" ботаничка градина за 100 дена охрид (Padlet) шест шапки за размислуване ден во SIP 100. dan školi речникпо биологија (Jamboard) 100 поими 100 дена помудри (Jigsaw Puzzles) сложувалка речникпо биологија Biološki ječnik V1l/2 100 100 100 100 дена помудри! https://bit.ly/3NtmrL6 наставник татјана лошкоска'

May be a cartoon of one or more people and text that says 'Ð 100% 100 100 100 100% t 100 m 100TH DAY IN A SCHOOL 100 100% 100 100% KEEP eTwinning 100100100'

No photo description available.– Во текот на проектот се развиваа вештини за користење на информатичко- комуникациската технологија, се поттикнуваше меѓусебното почитување, критичкото и иновативното размислување, се развиваше самодовербата и еколошката култура кај учениците, потенцираат од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука