ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Сара Климоска игра во новата сезона на популарната српска серија „Мочвара“

Белград/Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Преубавата македонска актерка со потекло од Струга Сара Климоска, по улогата во серијата „Сенки над Балканот“, сега се појавува и во новата сезона на популарната серија „Мочвара“ во соседна Србија.

Таа веќе привлече големо внимание со првите сцени во серијата, особено поради љубовните сцени со актерот Мухамед Хаџановиќ, но и поради тоа што беше убиена на крајот од првата епизода од новата сезона.

Во јуни минатата година Климоска ја доби наградата „Европска ѕвезда во подем“ во Берлин. Кариерата ја започна со филмот „Дали би ја погледнал“, а потоа на 58. ФЕСТ премиерно беше претставен филмот „Врба“ во кој таа игра една од носечките улоги.

SARA KLIMOSKA ZA KURIR: Bila sam na kastingu za prvu sezonu Močvare i nisam prošla! Milena je posle za mene napisala lik Elene

Сара Климоска е една од најангажираните актерки во македонскиот театар која цврсто гази и по црвените теписи на филмски фестивали и премиери. Минатата година таа играше дури во пет филма. Агенцијата за филм избра девет жени кои оставија свој белег во 2021 година, меѓу кои е и младата и супер талентирана Климоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука