Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Наташа Попоска Карче во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 1. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Наташа Попоска Карче е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

По професија е стоматолог, а важи за голем вљубеник во сликарството, музиката и нејзиниот Охрид. Неодамна, во интервју за OhridPress порача дека во слободно време сака и добри филмови. Преферира опуштени комедии или драми (нормално со среќен крај). Ги препорачува „See me if you can“, „The ugly truth“, а од поновите „The Gentleman“. Вели, погледнете ја и серијата „The young Pope“ и „Money heist“, а ако Ви се наоѓа време прочитајте нешто од Јu Nesbe, норвешки новелист кој пишува преубави трилери.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се: Leonard Cohen со Dance me to the end of love, Dean Martin со C`est si bon и Dire Straits со Why Worry.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Попоска Карче падна на Калиопи со „Месечина“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука