Скопје, 1. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.986 тестирања, при што се регистрирани 201 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 111
• Битола 27
• Кавадарци 19
• Прилеп 7
• Куманово, Кичево и Кочани по 5
• Тетово, Охрид и Гевгелија по 3
• Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево по 2
• Велес, Гостивар, Радовиш, Дебар и Кратово по 1
Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица ( 5 ) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно починатo лице од Куманово (75 години) и Тетово (83 години), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид (1), Гостивар (1) и Виница (1), на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од:
• Скопје 151
• Битола и Кавадарци по 14
• Тетово 11
• Прилеп 9
• Куманово 7
• Кочани и Охрид по 5
• Кичево, Велес, Гостивар и Неготино по 4
• Штип 3
• Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип по 2
• Радовиш, Дебар, Струга, Свети Николе, Валандово и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство