Скопје, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Главниот кризен штаб го одобри укинувањето на маските на затворено, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.
Покрај тоа прифатени се и заклучоците на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинување на забраната за екскурзии и настава во природа.
Конечната одлука ќе ја донесе Владата на следната седница. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15