Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Втор ден штрајк во училиштата и градинките

Скопје/Охрид, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Втор ден штрајк во образовните институции организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.

Во Охрид штрајкуваат речиси сите вработени, освен оние што се со договор на дело, техничкиот персонал, администрација и дел од стручните соработници во градинките. Меѓу штрајкувачите има и поддржувачи што не се членови на СОНК или во некој друг синдикат.

Синидикалците велат дека ќе штрајкуваат до исполнување на барањата донесени со одлука на СОНК, а тое се да се изедачи платата по сите коефинциенти, по сите профили на работни места за онолку колку што се зголеми минималната плата или околу 18,4 % по сите работни места и до јануари 2024 да има исплата по колективен договор, по коефицеинтите како што е предвидено.

За да се најде решение, најавена е нова средба меѓу синдикатот и владини претставници која веројатно ќе се одржи денеска или утре. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука