Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Скопје, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше и беше распишана меѓународна потерница за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.– А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02:00 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ. По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01:20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на населба Аеродром, стои во соопштението од МВР.

Од пред неколку дена во притвор се и другите двајца осомничени за убиството што се случи на 7-ми април пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк. (Крај)

извор: ОхридПрес/МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука