Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Објавен јавен повик за субвенции за набавка на инвертер клима уред

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2022 година.

Целта е велат од општината да се стимулираат домаќинствата за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината,

На жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30-ти  април 2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв. Доделување на средставата ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“.

Деталите за јавниот повик и потребните обрасци за аплицирање може да ги најдете ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука