Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Наумка Кузеска во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Наумка Кузеска е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Кузеска е поранешна кошаркарка, полиглот, а моментално работи како туристички водич. Зборува англиски, италијански, германски, шпански, француски, руски и португалски. Воедно таа е единствен туристички водич на португалски во Македонија. Има познавање и од други јазици како грчки, албански, турски, српски… и на туристите им ги претставува природните и културните убавини со кои располагаме. Преку фотографии и видеа од посетите на места низ цел Охрид, но и низ Република Македонија на најдобар начин ги промовира убавините на нашата земја, поттикнувајќи туристи повторно да не посетат, а некој за дојде и за прв пат.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: I Don`t Like It, I Love It на Flo Rida, La Libertad на Alvaro Soler и A Contracorriente на Alvaro Soler feat David Bisbal.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Кузеска падна на Тамара со „Слобода“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука