ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Општата и Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид ќе добијат компјутерски томограф и апарат за магнетна резонанца

Скопје, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општата болница ќе добие компјутерски томограф, а Специјалната болница „Св. Еразмо“ апарат за магнетна резонанца.

Министерот за здравство Беким Сали изјави дека е добиена донација преку програмата ИПА во висина од 3,7 милиони евра, дел од програмата за брзо справување со Ковид кризата именувано како брз одговор за здравствени закани.

Дел од донацијата се 5 компјутерски томографи и 3 магнетни резонанци, што ќе бидат распоредени низ здравствени установи во неколку градови, меѓу кои се најде и Охрид.

Нема достапен опис

Навремената дијагностика е многу важна, а со снабдување со современа опрема овозможуваме рана детекција и третман кај пациентите, особено со пост ковид компликации, истакна министерот Сали.

Во рамки на донацијата на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје е отворен оддел за компјутерска томографија.

Ова е тоа што недостасуваше на нашата клиника, вели директорот проф. д-р Дејан Докиќ.

– Во последниве пет годни клиниката забележа значителен развој со формирање и пуштање во употреба на лабораторијата за молекуларна дијагностика, лабораторија за биохемиски анализи набавен е дигитаел рендген апарат. Она што недостасуваше беше компјутерска томографија. Во годината пред пандемија се остварени 22.158 амбулантски прегледи и 5.060 контроли, кај околу 2.195 пациенти се ординира компјутерска томографија годишно. Апаратот има високо квалитетна рендгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ и се овозможува јонизирачкото зрачење на пациентите да се намали за 80%, брзо скенирање за околу 15 секунди и високо квалитетна слика што овозможува дијагностика и на интерспецијалните болести што досега беа несостапни за дијагноза, потенцира проф. д-р Докиќ.

Додава дека резултатите ќе се добиваат многу брзо, веќе следниот ден, за разлика од сега кога пациентите резултати добиваат за пет работни дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука