ЕКОЛОГИЈА Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски со поддршка за струшките активисти и волонтери кои организираат еколошки акции

Струга, 11. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изрази силна поддршка за струшките активисти и волонтери кои во континуитет организираат еколошки акции.

– Единствено преку личниот пример ќе ја подигнеме јавната свест и одговорност да ја чуваме природата и ќе придонесеме за еколошки почиста околина. Поддршка за струшките активисти и волонтери кои организираат еколошки акции за чистење на брегот на Охридското Езеро, порача претседателот Пендаровски.

May be an image of 5 people, people standing and indoor

Ндерим Положани, кој е иницијатор на акцијата и претседател на планинарскиот спортски клуб „Капс“ од Струга, истакна дека се надева дека нивната граѓанска иницијатива ќе ја поттикне локалната самоуправа да ги поддржи во нивните наредни активности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука