ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро под просекот за јули

Охрид, 12. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро падна под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,56 м.н.в, што е за два сантиметри под просекот за јули (693,58 м.н.в), односно 46 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 21 степен и е пониска од јулскиот просек (22,8 степени).
За една недела езерското ниво бележи намалување за 3 сантиметри.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.– Во текот на следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука