ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските полуматуранти позаинтересирани за стручните училишта отколку за гимназиско образование

Охрид, 13. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските полуматуранти позаинтересирани школувањето да го продолжат во стручните училишта отколку во гимназија.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков потврди дека годинава сликата е поинаква и за упис поатрактивни биле електромашинскиот училишен центар и економското училиште.

Нема достапен опис

– За жал, тој тренд не го прати угостителското училиште. Очигледно сé уште не е толку популарно меѓу младите или оние што сакаат да се запишат во средно образование. Бројот на запишани ученици во стручно образование, вклучително и дуалните паралелки што се воведени се попоуларни од гимназиското образование, подвлече Пецаков.

Што се однесува, пак, до бројот на првачиња, се запишале околу 550, приближно идентично со минатата учебна година, но гледано наназад изминатите 15-20 години Пецаков рече дека е евидентно намалување во бројката на запишани првачиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука