Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 30. степени

Охрид, 20. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука