COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

770 нови случаи на Covid-19, 46 новозаболени и 23 оздравени лица од Охрид

Скопје, 19. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 2.043 тестови, при што се регистрирани 770 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 364
• Битола 47
• Охрид 46
• Куманово и Кавадарци по 38
• Тетово 30
• Прилеп и Велес 26
• Неготино 17
• Струмица 16
• Штип 15
• Кочани и Струга по 14
• Ресен 13
• Гостивар 12
• Гевгелија 10
• Крива Паланка 7
• Радовиш и Кратово по 5
• Дебар и Крушево по 4
• Свети Николе и Валандово по 3
• Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2
• Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.

Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од:

• Скопје 182
• Охрид 23
• Битола 21
• Куманово 20
• Прилеп и Велес по 14
• Кавадарци 13
• Струмица и Штип по 12
• Тетово 8
• Гостивар 7
• Кичево 5
• Неготино, Кочани и Делчево по 4
• Струга, Крива Паланка и Радовиш по 3
• Македонски Брод, Демир Капија и Дојран по 2
• Ресен, Гевгелија, Кратово, Дебар и Валандово по 1

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23 години) и Скопје (76 години). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Радовиш (73 години) и Крива Паланка (66 години). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 20.06.2022 до 28.06.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука