ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид поставени два пунктови за собирање пластични капачиња

Охрид, 21. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на платформата „Активирај се навреме“ во Охрид се поставени конструкции за собирање пластични капачиња.

На два пунктови, плоштад Мини Маркет и на градскиот плоштад кај „Летница“, граѓаните ќе може да ги носат собраните капачиња, со што ќе се приклучат на хуманитарно-еколошки проект „Секое капаче е вредно“.

Можно е да е слика од надвор и текст

– Главна цел е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина.Проектот „Секое капаче е вредно“ планира значително да го зголеми бројот на рециклирани капачиња во целата држава, велат организаторите.

Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука