Свет

Пет жртви во пожарот кој се случи во нафтено депо во Киев

Киев, 10. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Големиот пожар кој изби во нафтено депо на компанијата “БРСМ-нафта” до Киев е совладан, пренесе ББС според изјавата на претстаник на Советот за национална безбедност на Украина.

Според зборовите на секретарот на советот, Александар Турчинов, пожарникарите целосно ја контролираат ситуацијата.

Според последните податоци, жртвите на пожарот се пет. Тројца пожарникари и еден работник за загинале на лице место, друг вработен на компанијата почина во болница од добиените изгореници.

Пожарот во депонијата на “БРСМ-нафта” во Киевската област, зафати 17 цистерни, при што избувна експлозија. (Крај)

извор: BBC фото: BBC

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука