Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Охриѓанец се обидел да проголта пакување со прашкаста материја при контрола од полицијата

Охрид, 23. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2022 година, во 17:30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода 30-годишниот В.Ш. од Охрид.

– Претходно, тој бил забележан во патничко возило марка „Алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки на улицата „Сатеска“ во Охрид и при извршена контрола се обидел да проголта пакување со бела прашкаста материја, која му била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука