ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Видно намалено нивото на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,24 м.н.в

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро со видно намален водостој.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,24 м.н.в, што е за 4 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в), односно 14 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 16,5 степени.

Трендот на пад на нивото продолжува, во приобалниот дел на неколку места веќе се забележливи суви делови, а веќе трета недела се пресушени и Билјанините извори.

Од почетокот на месецов водостојот е намален за четири сантиметри.

Нема достапен опис

Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Утре кон крајот на денот и во петок локално врнежите ќе бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука