Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ОУ „Братство Единство“ реализирана превентивната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Охрид, 17. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со РСБСП, во Основното училиште „Братство Единство“ во охридската населба „Лескајца“, ја реализираа превентивната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

– Притоа, полициските службеници низ интерактивен пристап остварија контакт и разговори со учениците од прво одделение во училиштето, им ги пренесуваа најважните информации корисни за сообраќајната безбедност, ги запознаваа со основните сообраќајни правила што треба да ги знаат, а кои значат нивно безбедно учество како пешаци во сообраќајот. На учениците им беа поделени боенки, распореди и друг едукативен сообраќаен материјал, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука