ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изработена прва нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Скопје/Охрид, 27. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Работна група формирана од Владата на Република Македонија изработи прва нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што е во согласност со Одлуката (44 COM 7B.77) донесена на 44-та сесија на Комитетот на светско наследство одржана во Фужу, Кина (2021 година).

Изработката на Стратегискиот план за рехабилитација на Охридскиот регион била координирана со работната група од Република Албанија, со која заеднички се дефинираа стратегиските цели и Акцискиот План.

Можно е да е слика од текст

– За планскиот документ Стратегиски План за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука дека не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. Нацрт верзијата на Стратегискиотплан за рехабилитацијана природното и културното наследство на Охридскиот Регион, заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, се објавени на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање и веб страницата на Министерството на култура, информираат од министерството за животна средина.

Мислења, предлози и забелешки по Нацрт верзијата на Стратегискиот план може да се достават на infoeko@moepp.gov.mk и skj.mzspp@gmail.com заклучно со 25-ти ноември, а во наредниот период ќе биде организирана и јавна расправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука